Вечерва РК Алкалоид игра со Силкеборг

Вечерва македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид ќе го одигра својот четврти натпревар од групната фаза во ЕХФ Европската лига во Данска против Бјерингбро-Силкеборг. Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров, во третото коло во СЦ „Јане Сандански“ загубија од истиот противник со 31:23.

– Се надевам дека ќе имаме подобра реализација, и во реваншот ќе покажеме поголема борбеност и поголема мотивираност, изјави Лазаров.

По три кола во групата „Ф“ води Бјерингбро-Силкеборг со четири бодови, колку што има и Војводина, Ла Риоха три, а Алкалоид еден.

Пренос на натпреварот ќе има на МРТ 3.

Претходна вестКонтејнерите се за ѓубре фрлање, а не за ѓубрињата на две нозе да ги палат
Следна вестСтружанец нападнат од тројца таксисти на аеродром