Студенти по медицина ќе помагаат на епидемиолозите во справување со вирусот

Вклучување на студентите, идните лекари во процесот на справување од корона вирусот. Ова го најавија денеска министерот Венко Филипче и деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје Соња Топузовска. Тие одржале средба со студентите од шестта година по општа медицина.

-Студентите се едногласни дека сакаат и можат да помогнат во периодот кој следува. Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците, истакна министерот Филипче.

Студентите нема да имаат физички контакт со пациенти заболени или суспектни на ковид-19, а нивниот ангажман ќе трае шест месеци и ќе биде поделен во три фази. На секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје.

-Вклучувањето на студентите по медицина во борбата против ковид-19 е директна помош на здравствените работници и здравствениот систем кои го носат најголемиот товар во оваа криза. Дополнителна придобивка е што студентите освен што ќе стекнат искуство, преку овој ангажман ќе ја реализираат клиничката пракса по јавно здравје која ја извршуваат во шесттата година од студиите и истата ќе им биде признаена, потенцира Топузовска.

Распределбата на групите е во тек, а се најавува дека ангажманот на студентите ќе започне во најкус можен рок.

 

Претходна вестПриведени десет криумчари на мигранити, наплатувале по 500 до 700 евра за еден мигрант
Следна вестТешко повреден малоленик, го удрило возило во Чаир