Решавање на проблемите во студентскиот дом „Пелагонија“ во скопската општина Кисела Вода, најави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Овој студентски дом има сериозни инфраструктурни и хигиенски проблеми, кои значително ги нарушуваат условите за живот на студентите. Поради недостигот на топла вода, нефункционалните лифтови, лошата хигиена и нискоквалитетната храна, студентите се жалат дека животот во домот е под секое ниво.
Министерката Јаневска денеска најави рашавање на проблемот до крајот на оваа недела.
-Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работат – вели Јаневска
Таа додаде дека ќе се постави и нов директор.
-Значи слушам различни шпекулации. Директорот на Студентскиот дом не си ја извршува својата функција и затоа ќе мора да преземеме чекори, во најблиска иднина побараме и поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работат, вели Јаневска.
Минатата недела студентите со писмо до јавнпста алармираа дека немаат топла вода во ноември, кога температурите се спуштаат и под нула.
-На студентските маки им нема крај. Во „Пелагонија“ во женската зграда во ноември немаме топла вода. Не знам за што плаќаме, кој е студентскиот стандард да живееме како глувци?, И лифтовите не работат, а храната е под секое ниво. Често чекаме да се ослободат лифтовите и понекогаш и тоа не е можно. Проблемите се влошуваат со секој изминат ден, велат студентите кои престојуваат во домот.
Тие истакнуваат дека ваквите услови не влијаат само на нивниот академски успех, туку и на нивната психолошка стабилност.
– Се чувствуваме заборавени и занемарени. Тоа не е само проблем за нас, туку и за нашето здравје и учење, додаваат тие.