Судијата Нанев под лупа поради патувањето во Палермо

Судскиот совет денеска одржал работен состанок на кој го разгледувал случајот со присуството на претседателот на Судот во Кавадарци Лазар Нанев на натпреварот на Македонската фудбалска репрезентација во Палермо. 

Од Судскиот совет денеска соопштија дека во врска со евентуално прекршување на етичките норми во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаат предвид, а Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај и навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности.

Судијата Нанев за едно со министерот за правда Тупанчевски и обвинителката Фатиме Фетаи беа забележани во ВИП ложата на стадионот во Палермо на натпреварот Македонија-Италија. По реакциите од јавноста и Антикорупциска функционерите да кажат на чија сметка било патувањето и престојот во Сицилија, само обвинителката Фетаи во медиумите објави уплатници од кои с егледа дека го платила престојот таму. Но билетите и чартерот биле на сметка на ФФМ. 

Тупанчевски само изјави дека сам си ги платил трошоците, без да приложи доказ, а Нанев игнорира да одговори.  

Во меѓувреме, Фетаи и Нанев отпатуваа и во Португалија.

Претходна вестИзмамник сакал да наплати еден милион денари од осигурителна компанија за измислена сообраќајка
Следна вестМилошоски: Овој попис е неуспешен и некоплетен