Судски совет го разреши судијата Горан Бошевски поради нестручност – „Траекторија“ на почеток

Дали тоа што делото за екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во предметот „Траекторија“ му застаре му пресуди на судијата Горан Бошевски. Тој денеска беше разрешен од страна на Судскиот совет, со десет гласа „за“.

Од Судскиот совет објавија соопштение за денешната седница, во кое без да споменат име наведуваат дека судијата е разрешен поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Тој е и времено е оддалечен од вршење на судиската функција односно до правосилност на одлуката од Советот.

Бошевски досега го водеше предметот „Траекторија“, кој го отвори СЈО, а се однесува на изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

Судењето трае повеќе од три години, а меѓу обвинетите во овој предмет се експремиерот Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот Миле Јанакиески и бившиот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Меѓутоа, во овој предмет, на Груевски му застаре делото за кое се товареше – примање награда за противзаконито влијание.

Останатите тројца во случајот се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување.

Разрешувањето на Бошевски значи дека овој предмет ќе добие нов судија, со што процесот формално ќе треба да почне од почеток.

Исто така, од познатите предмети, Бошевски како втор судија досега беше дел и од судечкиот совет за случајот „Талир 1“, кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестУште 10 дена за пријава за студентските домови
Следна вестИ Водовод и Бутел кренаа раце, Љубанци 16 дена нема капка вода