За 2 мај е одложена денешната седница на којшто Судскиот совет требаше да избере нов претседател по вчерашното контроверзно разрешување на Весна Дамева. Заменик-претседателот Селим Адеми, кој го иницира вчерашното разрешувањен а Дамева појасни дека за ова се одлучиле членовите на Советот, бидеќи станува збор за мошне важна за работа.
– Денеска беше закажана 439 седница, но веќе дебатиравме дека кога се прави избор на претседател на Судски совет, добро е и пожелно сите 13 члена да бидат присутни и Советот да биде во полн состав. Но, од оправдани причини еден член на Судскиот совет не е присутен и сите се согласуваме дека кога имаме ваква важна точка треба да сме сите присутни и од тие причини предлагам да се одржи за 2 мај, изјави на седницата заменик-претседателот, објасни Адеми.
За одложувањето гласаа осум, а четири членови беа против.
Адеми не даде изјава за новинарите, кои побараа појаснување на забелешките на невладините и експертите дека вчерашното разрешување на Дамева е незаконско и против процедурите и Деловникот. Не одговори ниту на тоа како вчера за разрешувањето не се барало присуство на сите членови, а денеска за изборот на нов се бара.
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева која вчера беше разрешена, не доби покана за оваа седница, но дојде на седницата и обвини дека потпретседателот не ги заштитил судиите од притисоците и заканите кои го добивале.
– Очигледно два часа не беа доволни, но јас се надевам дека во следните два дена ќе има доволно време да се обезбеди потребно мнозинство. Нарушени се сите наши понатамошни постапувања на Судскиот совет. Очекував дека ќе имате мнозинство, но ќе оставиме да видиме дали вашето незаконско разрешување без постапка понатаму на некој начин ќе се легализира. Требаше да не заштитите од сите можни влијанија, притисоци и закани. Не знам што може да се смени по два или три дена. Јавноста ајде да слушне зошто сум разрешена, рече Дамева.
Во наредниот период ќе треба да се разјасни дали нејзиното разрешување било законско затоа што според член 36 од Законот за Судски совет и членот 8 од Деловникот, потребна е одлука со минимум 8 гласови, а Дамева беше разрешена со гласови на седум членови на Судскиот совет. Дополнително, Деловникот вели дека предлагач не смее да гласа, што значи Дамева вчера била разрешена всушност со 6 гласа, бидејќи тој на Адеми како предлагач, е невалиден.