Свекрва пријавила дека била нападната од снаата

Физички напад од сопствената снаа вчера пријавила тетовка на полицијата.

-Седумдесет и тригодишна жителка на тетовско село вчера во 9 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 16 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзината 37 годишнаа снаа, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Пријавената била повикана во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестОпштина Центар не простува непрописно паркирање
Следна вестВо случаj да не може онлајн да биде оценет, ученикот индивидуално ќе биде испрашан