Утре, на 8 септември, долгометражниот дебитантски игран филм со македонска копродукција „Вера сонува за морето“ на режисерката Калтрина Красниќи, ќе ја има својата светска премиера на најстариот и најпрестижниот филмски фестивал од А категорија, Интернационалниот филмски фестивал во Венеција.
Во филмот главната улога е Вера, која ја игра актерката Теута Ајдини-Јегени, првенка на Албанскиот театар во Скопје. Играат и актерите Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши… Според продуцентот Огнен Антов тематиката на филмот одговара на годинешниот фестивал, во чиј фокус е жената.
-Живеам во една мала чудесна земја, каде што невозможното станува возможно. Каде далечината е блиску, каде што желбата станува реалност, каде што сонот станува јаве. Мене ми се оствари желбата да бидам дел од одлично сценарио, и да стапнам на црвениот тепих, изјави главната актерка.
Фестивалот во Венеција се одржува од 1 до 11 септември 2021.