Вечерва, 4 септември ќе се случи светската премиера на најновата композиција од Дарија Андовска во Сараево, Босна и Херцеговина, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ.
Станува збор за нејзината најнова композиција „Apoptotic Bodies” за гудачки оркестар и фиксен медиум. На оваа турнеја, покрај историските ремек-дела на A. Schoenberg, G. Mahler и R. Strauss, ќе се изведат 4 нови композиции, нарачани од страна на No Borders Orchestra од едни од најреномираните и истакнати композитори од регионот: Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Бранимир Винче (Хрватска), Марко Никодијевиќ (Србија) и Дарија Андовска (Македонија).
Со тоа почнува балканскиот дел на турнејата, која веќе на 6 септември продолжува во Нови Сад.
Инаку, Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми. Таа е декан и редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ.