Тачи: Нема да гласам за смена на министрите, Села е обичен криминалец и измамник

Лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи нема да ја поддржи смената на двајца министри во Владата од редовите на Алијанса за Албанците. Тој денеска при доаѓањето во македонското Собрание на седницата посветена на разрешувањето на министерот за здравство Фатмир Меџите и на министерот за информатичко општество Азир Алиу, рече дека нема да гласа.

-Дојдов, но нема да гласам, рече тој.

Во веста што ја пренесеува порталот „Фокус“ Тачи жестоко го нападна претседателот на Централното собрание на АА Зијадин Села.

-Зијадин Села не заслужува повеќе да постои на политичката сцена. Села повеќе не заслужува да постои на политичката сцена. Тој е обичен криминалец и измамник, рече Тачи.

Претходна вестРаскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во Националната опера и Балет
Следна вестХигиеничарка на Психијатрија снимала пациентка па ја објавила снимката