Талентираниот Македон повторно се закити со златен медал на натпреварот „Математика без граници“

Нов златен медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ освои талентираниот Македон Димитровски од Тетово. Веста за нов успех на овој надарен деветгодишник на социјални мрежи ја сподели неговиот татко Владимир Димитровски.

– Уште еден златен медал на интернационалното натпреварување „Матемарика без граници“ -зимски дел од турнирот Браво Македон !!!!!!!!!, наведе тој во објавата.

Успехот е постигнат на зимскиот дел од натпреварот „Математика без граници“, што се одржа на почетокот на месецов. Овој меѓународен натпрвар има неколку циклуси. Во зимскиот дел до натпреварувањето учествуваа 28 земји, меѓу кои и Македонија, а резултатите од престижното натпреварување беа објавени денес на официјалниот веб-сајт на турнирот.

Малиот генијалец од Тетово повторно успеа да се закити со златен медал во натпреварувањето за трето одделение. Тој на натпреварувачкиот циклус одржан лани во ноември, исто така, освои златен медал, а во февруари – сребрен.

Малиот генијалец Македон Димитровски медиумите го нарекуваат „македонското чудо од дете“. Тој поседува напредно познавање на математиката и има способност да решава математички задачи од втора година од средно образование, а зборува и се служи со повеќе странски јазици.

Фото: Архива

Претходна вестЕУ во моментов преплавена со 1,14 милиона барања за азил
Следна вестХансен и Алборг за крај на приказната на Еурофарм Пелистер во ЛШ