Таравари: Димитриевски е во изборна еуфорија, албанското знаме не треба никој да го попречува

Максим Димитриевски е во изборна еуфорија, а албанското знаме не треба никој да го попречува, тоа е официјално и за тоа не треба да се разговара, изјави денеска Арбен Таравари, министер за здравство.

Тој реагира на завчерашната најава на лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски кој рече дека доколку продолжи да се користи албанското знаме, тој ќе излезе од владината коалиција.

-Мислам дека опозициските партии го злоупотребуваат ова. Додека Максим Димитриевски е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална и не може никому да му попречи. Ако тоа е причината за напуштање на владата, тој мора да одлучи. Максим Димитриевски доби албански гласови кога беше избран за градоначалник на општина Куманово. Пак ќе има избори и ќе ја смени реториката. Вчера кружеа фотографии на кои се гледа дека во неговиот кабинет има албанско знаме. Мислам дека тоа е повеќе популизам отколку сериозност, додаде Таравари.

Претходна вестФилипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од Ковачевски, најави обединување и реформи
Следна вестДамева е против распуштање на Судскиот совет, постои одговорност со име и презиме