Таравари: Крилото на Села е многу блиску до ДУИ, за поделената АА ќе одлучува судот

Претседателскиот кандидат на албанската опозиција Арбен Таравари кој се судри со својот претходник Села, во интервју за „Глас на Америка“ вели дека за поделената Алијанса на Албанците ќе одлучи судот.

– Ние би ги прифатиле сите одлуки, вели Арбен Таравари за поделбата во партијата на две крила, едното чии приврзаници се на неговата страна, а другото во кое се тие на Зијадин Села.

Таравари во интервју за „Глас на Америка“ вели дека е нормално секогаш кога во партијата има фракции секој да се повикува на некои свои аргументи од кои што реално согледува дека има право. Тој вели дека сите факти и аргументи се на нивна страна, но сепак додава дека и другата страна би го кажала истото.

За крилото во Алијанса за Албанците кое го поддржува Зијадин Села, Тарвари вели дека е фракција во партијата што веќе неколку месеци е многу блиска до ДУИ и додава дека тоа е нивен легитимен став кој го почитува

– Оставивме судот да одлучи. Сигурни сме дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство, вели Тарвари.

За тоа со кого би коалицирале после изборите, Таравари вели дека единствениот пат на Северна Македонија е европскиот и додава дека тие како политичка партија Алијанса за Албанците, меѓутоа и како опозициски блок „Вреди“, инсистираат по секоја цена да го следат европскиот пат и додава „не би сакале да помислиме дека некој би размислувал за друга опција“.

Претходна вестВодно не може да чека пошумување само пред избори
Следна вестПратениците на СДСМ и ДУИ да не бегаат од проблемот со пасошите