Таравари по средбата со Ковачевски: Синхронизиравме 90 проценти од програмските определби

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека програмските решенија се претежно усогласени и оти следните денови се очекува да се разговара и за кадровските решенија во Владата.

-Околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани. За кадровските решенија воопшто не зборувавме…се надевам дека следните денови ќе ги отвориме и кадровските решенија, рече Таравари

Тој додаде дека договорот не е дефинитивен, но веројатноста да неговата партија влезе во Владата е реална.

Лидерот на АА рече дека имаат неколку барања за кои со Ковачевски псотигнале договор – евроинтеграции на земјава како приеоритет, борбата против корупција, законот за влада, како и барањето Бирото за рамномерен развој да стане Агенција.

Од прес службата на Владата по средбата соопштија дека инфромираа дека премиерот Ковачевски и Таравари разговараа за повеќе актуелни теми врзани со стратешките определби на државата.

-Разговарани беа придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, отпочнувањето на преговорите со ЕУ со крајна цел полноправно членство во ЕУ како и стратешкото партнерство кое Северна Македонија го има формализирано со Соединетите Американски Држави.Работните состаноци на премиерот со парламентарните и вонпарламентарните политички партии, на кои фокусот е продолжувањето на европскиот пат и носењето одлуки исклучиво во интерес на граѓаните и државата, ќе продолжат и понатаму, се наведува во соопштението од Владата.

Претходна вестУапсен дилерот Ариф Алили кој избега од затвор
Следна вестКриминалците во Албанија поставиле илјадници камери за да ја следат полицијата