Таравари во Куманово доби подршка од 75 членови на Централното собрание, од вкупно 133

По средбата, изјава за медиумите даде портпаролот Блерант Рамадани, кој посочи дека на состанокот присуствувале 75 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно ја потпишале декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер да започне коалиција со опозиционерите од албанскиот блок.

Алијанса за Албанците официјално одлучи да се приклучи кон опозицијата – објави партискиот лидер Арбен Таравари на својот фејсбук-профил по вечерашниот состанок во Куманово со членови на Централното собрание на партијата. Таравари ја свика денешната средба со делегатите на ова партиско тело за да побара поддршка за неговата одлука за заеднички изборен настап на Алијанса со опозициските партии на Албанците.

-Делегатите гласаа за мојот предлог. Ви благодарам од сè срце за довербата! Алијансата за Албанците официјално одлучи да се приклучи на опозицијата! 8 мај е поблиску од кога било! Промената започна, објави Таравари на Фејсбук.

Говорејќи пред полна сала во Куманово, како што пренесе ТВ Алсат, Таравари порачал оти на 9 мај, еден ден по изборите, Алијанса за Албанците ќе биде главен одлучувачки фактор за иднината на земјава.

Им се обратил и на членовите на партијата кои не дадоа поддршка за неговата идеја за заеднички настап со опозициските партии на Албанците на претстојните избори.

По состанокот, изјава за медиумите даде портпаролот Блерант Рамадани, кој посочи дека на состанокот присуствувале 75 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно одлучиле да ја потпишат декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер да започне коалиција со опозиционерите од албанскиот блок со цел, како што рече, после 20 години ДУИ да замине во опозиција.

Претходна вестВремето денес – наутро магла, преку денот сончево
Следна вестНема подолги задржувања за влез и излез од државата