Tатко на 11-годишно девојче во Србија пријавил дека кумот на ќерката ѝ праќал вулгарни пораки и недолично ја допирал

Татко на 11 годишно девојче го пријавил во полиција во Лазаревац С. Ќ. (37), својот кум и другар од детството, бидејќи во последните неколку дена ѝ праќал вулгарни пораки на ќерка му, но и неколкупати недолично ја допирал. Ќерката му се пожалила на таткото и ги покажала пораките што ги добивала на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Во Основното јавно обвинителство Лазаревац беше сослушан С. Ќ. (37) поради сомнение дека извршил недозволени полови дејства. Предложен е притвор до 30 дена.

Таткото на девојчето во полиција изјавил дека „го пуштил човекот што ѝ праќал непристојни пораки на ќерката да влезе во куќата во која јадел, спиел и биле многу добри пријатели“.

Претходна вестНе верувам дека 650.000 граѓани во ист ден имаат потреба да патуваат, вели Џафери за пасошите
Следна вестЕпл предупредува: Не ставајте го вашиот iPhone во ориз