Температурите во овој град паднаа до минус 50 Целзиусови

Температурите во најстудениот град на светот паднаа до минус 50 Целзиусови степени, пишува Си-ен-ен. Градот Јакутск во источен Сибир, кој е познат како едно од најстудените места во светот, доживеа невообичаено долг студен бран.

Јануари е најстудениот месец и иако се навикнати на ниски температури, жителите на оддалечениот регион преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се загреат.

– Не можете да се борите со тоа, изјави за „Ројтерс“ еден жител облечен во две марами и повеќе слоеви ракавици, капи и качулки. Или ќе се приспособите и ќе се облечете соодветно или ќе страдате.

– Треба само топло да се облечеш. Слоевито, како зелка, вели друг жител.

Во Јакутск живеат нешто помалку од милион луѓе, а зимите таму може да бидат екстремно студени, дури и според руските стандарди, пишува Си-ен-ен.

Претходна вестМалолетничка од Скопје присилена на проституција од 17-годишник
Следна вестЗеленски: Добивме 3 милијарди евра од ЕУ