Teпaчка меѓу две фамилии завршила со пукање

До тепачка и пукање дошло вчера во скопското село Буковиќ, пришто едно лице е повредено, а приведени се 10 лица.

Физичката пресметка се одвивала помеѓу две фамилии.

„Во с.Буковиќ настанало нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.А.(22) и С.А.(27), двајцата од с.Раовиќ, од една страна и И.П.(57) и Р.П.(30), двајцата од с.Буковиќ, од друга страна. Потоа истите отишле во Градска општа болница „8 Септември“ за санирање на повредите.

Околу 21.20 часот неколку лица од фамилијата на Ј.А. и С.А. од с.Раовиќ дошле во дворот на фамилијата на И.П. и Р.П. и испукале повеќе проектили кон Љ.П.(25), син на И.П., кој се здобил прострелна рана во ногата и е пренесен во ГОБ „8 Септември“, велат од МВР.

Приведените лица се задржани во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Претходна вестСо моторцикл удрил во две пакирани возила, тешко се повредил
Следна вестРегистрирани 214 нови случаи , починати се 36 лица