Тепачка во скопско, двајца малолетници се повредени со нож

Четири лица се пресметале во скопско Рашче. Во инцидентот двајца малолетници се повредени со нож.

– На 14.01.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Рашче, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(18) од с.Рашче од една страна и тројца малолетници и М.Х.(18), од друга страна. Во пресметката Е.Б. со остар предмет им нанел повреди на двајца малолетници, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестВо Велика Британија се затвораат илјадници угостителски објекти, поради зголемени трошоци
Следна вестМалолетник од Битола со автомобил се забил во дрво и паркирани возила