Тешка сообраќајка кај Ресен, загинаа двајца охриѓани

Две млади лица од Охрид загинаа во тешка сообраќајна несреќa што се случила вчера рано попладне кај Ресен. Фаталниот судар се случил на магистралниот патен правец Ресен-Битола, кај месноста наречена Макази.

-Околу 13:40 часот на излезот од Ресен во насока кон Битола, кога дошло до директен судар на патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблички и товарно возило „Волво“. Во сударот, на лице место на повредите им подлегнале Д.К. и Ј.К. од Охрид, кои биле во автомобилот, соопшти полцијата.

На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги расветли причините за трагичниот настан.

Претходна вестДевет земји членки на ЕУ со барање до Борел: Западен Балкан да се врати на агендата на ЕУ
Следна вестЗошто Советот за безбедност барем под точка „разно“ не расправа за пандемијата, вакцините, пописот…?