Тешка сообраќајка во Битола: Почина младо момче кое возело електричен тротинет

Тешка сообраќајка во која млад битолчанец го загуби животот се случила вчера во 13.49 часот на крстосницата од ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола.

Во несреќата, информира МВР, учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј(21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П(26) од Битола.

-По незгодата О.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде им подлегнал на повредите, велат од полицијата.

Увид е извршен од увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Претходна вестИма ли поголем срам од тоа што градителот на дивиот објект во Чаир државата го бара на оглас?!
Следна вестВозач тешко повреден, излетал од пат во битолско