Тешка сообраќајка кај Бељаковце, загинаа маж и жена од Марино

Маж и жена од скопско Марино загинаа во сообраќајна несреќа вчера утрото во атарот на Бељаковце, кумановско, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 26.05.2024 во 07.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води од село Коњух кон село Бељаковце, кај место викано „Ракле“, кратовско, патничко возило „Даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ј.(75) од село Марино, општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во Крива река.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка С.Ј.(76) од село Марино, соопштија од полицијата во дневниот билтен. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција, додаваат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Претходна вестWizz Air го намалува бројот на зимски летови од Скопје
Следна вестМинистерот Демири за затворените хируршки сали: Необјасниво е што се случува и која е причината за проблемот