Министерот Демири за затворените хируршки сали: Необјасниво е што се случува и која е причината за проблемот

Присутна е миризба, а необјасниво што се случува и која е причината за проблемот, изјави денеска министерот за здревство Илир Демири за проблемот со затворените хируршките сали поради смрдеата низ станиците за кислород во Клиничкиот центар. Тој рече дека сега се чека на анализите коишто ќе се прават во Германија за да се види дали е добар квалитетот на гасовите.

-Некаде пред 30 години се градени салите и тогаш е поставена инсталацијата за снабдување со кислород. Точно 30 години е компресорската станица. Пред месец дена имаше хаварија во станицата кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување и влезе масло во тие цевки, по што компресорот е надвор од употреба. Клиниката за хирургија функционираше со два компресори кои поминаа технички преглед од две независни институции, објасни Демири за ситуацијата со затворените хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје.

Додаде дека побарал од менаџерите на Центарот да поднесат барање, за да можат да се сервисираат компресорите.

-Пред девет дена се случи истиот проблем и се појавува лоша миризба во мрежата на кислород и компромиран воздух. Повторно ги повикавме независните фирми кои спроведоа испитување. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, побаравме од странска компанија и денес се испратени мостри во Германија. Од двете независни компании со лаборатории не виделе никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорките станици, рече министерот.

Демири обелодени дека постигнале договор за алтернативно решение – да се оперираат само итни случаи, односно дистрибуцијата на пациенти да биде за неврохируршки потреби во Градската болница, додека за другите интервенции во болницата „8-ми Септември“. Министерот истакна и дека набавени се шест компресори и можат да послужат за итни и неодложени интервенции и за пациентите кои се на КАРИЛ.

-Бидејќи е необјасниво, побарав од Обвинителството да спроведе истрага и да се пронајде причината за проблемот. Додека не заврши испитувањето од Германија и не дојдат анализите, Клиничкиот центар ќе се послужи со надворешни компресори, кажа Демири пред новинарите.

Претходна вестТешка сообраќајка кај Бељаковце, загинаа маж и жена од Марино
Следна вестВо скопското ѓубре се фрлаат и неексплодирани гранати