Две неексплодирани гранати биле пронајдени вчера во пункт на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“.
-Вчера во 18.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во рециклажен двор на ЈП „Комунална хигиена“ на бул.„Илинден“ во Скопје биле пронајдени две неексполодирани гранати, информираат од МВР.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје безбедно ги подигнал гранатите, а увид извршила екипа од СВР Скопје.