Тешка сообраќајка кај Меџитлија, возачот загинал откако излетал од коловозот

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“.

-Во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола, соопшти полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Претходна вестНе постои искрена политичка волја за решителна борба против организираниот криминал и корупција
Следна вестИванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД