Tешка сообраќајка на крстосницата кај ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром, едно возило превртено

Синоќа околу 23.00 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на големата крстосница кај основното училиште „Блаже Конески“ на подрачјето на скопската општина Аеродром.

Според првичните сознанија, во несреќата учествувале три возила од кое едното возило од големиот удар превртено на самата крстосница. Засега, според порталот 24инфо.мк, нема информации за повредени во несреќата.

Крстосницата на улиците „Методија Шаторов – Шарло“ и „Фрањо Клуз“, во близина на „Скопјанка“, е една од најпрометните сообраќајници во овој дел на Аеродром. Сообраќајот на неа се одвива со тешкотии бидејќи на неа нема светлосна сигнализација. Во изборните ветувања на кандидатите за општински градоначалници, па и на актуелниот Тимчо Муцунски, постојано се ветуваше изградба на кружен тек. Но, тоа досега не е направено иако опасностите по безбедност на возачите, велосипедистите и пешаците е постојана.

Претходна вестПроменливо облачно со сончеви периоди
Следна вестАџигогов: Вештачки на пензионерите и на невработените им чуваме осигурување, од Нова година немаат