Тешка сообраќајка во Битола, еден повреден

На 22.11.2022 во 00.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Сиљановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, управувано од Т.Р.(39) од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.А.(30) од Битола, двете со битолски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Т.Р. и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

Претходна вестИсплатени субвенции за произведено и предадено млеко
Следна вестTешко повреден вработен во ЕВН при изведување работни задачи