Тешки националистички провокации од навивачите на Шкупи: Скопје ќе биде срцето на Албанија!

Тешки националистички провокации упатуваа вчера навивачките на фудбалскиот клуб Шкупи од Скопје од трибините на стадионот во скопски Чаир кадешто се играше натпревар против Вардар. Во текот на натпреварот навивачите истакнаа пароли со екстремно националистичка содржина на паролите.

-Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија, гласеше една од паролите.

Имало пароли и извици со кои се величат убијците на младото момче Никола Саздовски – Саздо, кој беше припадник на навивачката група „Комити“.

Овие и други пароли беа вадени од време на време во текот на натпреварот.

Иако национализмот строго е забранет на трибините на спортските натпревари, синоќа немаше реакција од ФФМ и МВР. Двете институции уште не се изјасниле за инцидентот

На натпреварот се случи и друг инцидент откако по крајот на мечот фудбалерот Воша држеше запален факел додека славеше со фановите, нешто што е строго забрането. Полицијата која беше присутна на мечот, не реагираше.

 

Претходна вестСудечкиот совет на Апелациониот суд Скопје дополнително ќе ја соопшти одлуката за случајот „ТНТ“, се бара застарување
Следна вестАкадемик Коцарев: Многу сили во Македонија и во ЕУ водат света војна против македонството; НЕ за промена на Уставот, ДА за ЕУ