Осумдеесет и осумгодишен маж тешко настрада откако во неделата утрото во центарот на Скопје на него налетал автомобил.
-Инцидентот се случи во неделата околу 09.20 часот во Скопје на крстосница од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Аминта Трети“, кога автомобил „Oпел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар, удрило во 88-годишниот пешак Т.Х. од Скопје. По ударот старецот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, се наведува во соопштението на полицијата.