Владата утре ќе решава дали кафеаните да работат до 21 часот

Владата на утрешната седница ќе решава дали да се изврши ново скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот. Ова е предлог од Комисијата за заразни болести кој е утврден по денешната седница со цел да се спречи ширењето на корона вирусот во земјава. Информацијата за медиумите ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче, а според неофицијалните информации постои расположение мерката да се прифати.

Неодамна, работното време на угостителските објекти се ограничи до 23 часот.

Претходна вестБензините поевтини за половина денар, дизелот за денар
Следна вестTешко повреден 88-годишен пешак во Дебар Маало