Tешко повреден 88-годишен пешак во Дебар Маало

Осумдеесет и осумгодишен маж тешко настрада откако во неделата утрото во центарот на Скопје на него налетал автомобил.

-Инцидентот се случи во неделата околу 09.20 часот во Скопје на крстосница од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Аминта Трети“, кога автомобил „Oпел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар, удрило во 88-годишниот пешак Т.Х. од Скопје. По ударот старецот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, се наведува во соопштението на полицијата.

Претходна вестВладата утре ќе решава дали кафеаните да работат до 21 часот
Следна вестЛевица: Образованието бара брзи и функционални решенија, но власта…