Тешко е повреден малолетник во сообраќајна несреќа што вчера се случила во Струга, соопшти полицијата.
МВР информира дека на 21.09.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга, малолетник од Струга, управувајќи мотоцикл со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од Струга.
-Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга, информираат од МВР.