Тешко повреден пешак во Карпош

Со тешки телесни повреди се здобил пешак во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Скупи“ во скопската општина Карпош. Полицијата соопшти дека вчера во 17.45 часот и било пријавено дека патничко  возило „Фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(35) од Скопје удрило во пешакот Ф.Ј.(57) од с. Шишево, скопско.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.

Претходна вестНаправија 30.000 заштитни визири, благодарница од Министерството нема, но луѓето им се благодарни
Следна вестКонечно, новите автобуси почнаа да возат патници низ Скопје