Непознато лице со возило удрило во пешак во Козле и избегало од местото на несреќата. Пешакот со тешки повреди бил пренесен во болница.
Според информациите на МВР, вчера во 10.30 часот било пријавено дека на улица Козле во Скопје автомобил удрил во пешакот М. С. (50) од Скопје по што избегал.
Во незгодата пешакот добил тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.