Со тешки телесни повреди се здобил работник кој вчера паднал од објект во градба во центарот на Скопје.
-На 09.02.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен З.Д.(55) од с.Доброшане-кумановско, кој, според пријавеното, додека изведувал градежни работи во објект во изградба на подрачјето на Центар паднал од висина, по што се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.
Известен е трудов инспектор за расчистување на случајот.