Home АКТУЕЛНО Тешко повреден велосипедист во Драчево

Тешко повреден велосипедист во Драчево

0
Тешко повреден велосипедист во Драчево

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера во скопската населба Драчево.

МВР информира дека вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул. „Славка Динкова“ и ул.„Иван Хаџиниколов“ во скопско Драчево патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(41), удрило во велосипед управуван од З.С.(61), двајцата од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, наведуваат од полицијата.