Тешко повреден возач на електричен тротинет

Со тешки телесни повреди се здобило едно лице кое возело електричен тротинет во сообраќајна несреќа што се случила вчера во централното градско подрачје.

Вчера на булеварот „Св.Климент Охридски” во Скопје, на место каде се спојува со сервисна улица која води кон паркинг од Соборниот храм се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мазда 3″ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (47) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Е.С. (36) од Скопје. По сообраќајката Е.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди, информира полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Претходна вестУрбанистите само ги цртаат желбите на моќни поедици
Следна вестВо базен во Прилеп пронајден удавен чуварот на објектот