Едно лице се удавило во базен во Прилеп. Имено, во попладневните часови на 21 септември во полиција било пријавено дека во базен во круг на фабрика на прилепската улица Орде Чопела бил пронајден удавен 56-годишниот Г.М. од селото Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот.
Безживотното тело било извлечено од страна на противпожарна екипа од Прилеп, а од доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од прилепската полиција, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.