Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка во Скопје

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера во Скопје, соопшти полицијата.

Се наведува дека вчера во 07.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“, ул.„Бледски договор“ и ул.„Париска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

-Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од Р.В.(30) од Виница и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(27) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестСе одбележуваат 81 година од фашистичкото депортирање на македонските Евреи во логорот на смртта
Следна вестВладика Петар: Цариградската патријаршија го условува томосот со името на МПЦ-ОА