Тешко повредена 24-годишна скопјанка, ја удрил автомобил

Тешко повредена 24 годишен пешак кој е удрен со автомобил. Имено, вчера, во 10.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Лазар Трпковски во Скопје, патничко моторно возило „Фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. М. (44) од Скопје, удрило во А. Ц. (24) од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добила А. Ц., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Претходна вестЌе се задолжи ли Османи за да ја направи ифтарската вечера со претседателските кандидати?
Следна вестОтворен ден на Армијата утре на Воениот стадион во Скопје