Отворен ден на Армијата утре на Воениот стадион во Скопје

Отворен ден на Армијата ќе се организира утре на Воениот стадион во Градскиот парк по повод одбележувањето на 4-годишнината од членството на Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

На Воениот стадион ќе бидат изложени воени средства, возила и опрема, ќе може да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња како и музичка изведба од страна на Воениот оркестар.

– Армиските припадници ќе ги запознаат граѓаните со техничките карактеристики на дел од вооружувањето и опремата на пешадиските единици, единицата за АБХО, воената полиција, специјалните единици, единиците за врски, инженериски единици и повеќе видови на воени возила, соопштија од Министерството за одбрана.

Меѓу изложените ќе бидат и најновите ЈЛТВ оклопни возила, Кобра, армиски хеликоптер МИ/17 и машина – робот за пронаоѓање експлозивни направи.

– На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата, ќе бидат претставени професијата воен пилот и можностите за прием во Армијата како професионални војници, а граѓаните ќе можат да земат примерок од магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“, се додава во соопштението.

Фото: Архива

Претходна вестТешко повредена 24-годишна скопјанка, ја удрил автомобил
Следна вестРеволтирани по убиството на колегата приватните лекари в понеделник нема да работат со пациенти од 12 до 16 часот,