Со тешки телесни повреди вчера се здобила гевгеличанка која со своето возило излетала од автопатот на делницата Демир Капија – Неготино.
-Сообраќајна несреќa била пријавена вчера во 10:50 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, кај место викано „Острово“. Патничко возило „Pасат“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.К.(54) од Гевгелија излетало надвор од коловозот. Во незгодата Л.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Неготино, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Неготино.