Вчера, во 12.05 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг-простор на улицата Ѓорче Петров во Куманово, патничко возило „Oпел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Т. Ж. од Куманово, удрило во малолетничка пешак од Куманово, извести МВР.
-Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетничката, констатирани во Општата болница во Куманово, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.