Тешко повреденo дете во Куманово, било удренo со автомобил

Вчера, во 12.05 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг-простор на улицата Ѓорче Петров во Куманово, патничко возило „Oпел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Т. Ж. од Куманово, удрило во малолетничка пешак од Куманово, извести МВР.

-Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетничката, констатирани во Општата болница во Куманово, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.

Претходна вестОсмани и Таравари заборавија на билбордите да напишат и на македонски јазик?  
Следна вестМНР: 11 македонски државјани пуштени дома по сообраќајката во Италија, еден задржан во болница