Темно Режим Светло Режим

Тешко повредено петгодишно девојче од ударот со мотор

Со тешки телесни повреди се здобило петгодишно девојче во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во струмичко, соопшти полицијата. МВР информира дека несреќата се случила во селото Банско.

о вечерните часови на 29 јуни, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван 29-годишник од селото, удрил во девојче пешак на возраст од пет години. Девојчето од ударот се здобило со тешки повреди и било пренесено во Медицинскиот центар Струмица, се наведува во инфорамцијата.

На месотото на инцидентот бил извршен увид од екипа од СВР Струмица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Агресивни син и мајка приведени еден по друг во полициската станица во Карпош

Следниот Пост

Крик за „Треска“