Тешко повредил дете на велосипед и избегал со возилото

Удрен велосипедист со автомобил во тетовско. Имено, тринаесетгодишно дете од Голема Речица е тешко повредено во сообраќајна несреќа кога во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Од МВР информираат дека несреќата се случила синоќа околу 22.30 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок кога автомобил удрил во детето што возело велосипед. По незгодата, возачот со возилото избегал, а детето со тешки телесни повреди било пренесено во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вест175 новозаразени – дури 131 во Скопје, починале 5 пациенти од вирусот
Следна вестНападнати две лица од кучиња-скитници во Градски парк и на Бит-пазар