175 новозаразени – дури 131 во Скопје, починале 5 пациенти од вирусот

Пет пациенти починаа од вирусот. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.

-Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19. Од нив, најголем број се од Скопје, дури – 131, а потоа следат Куманово 24, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 5, Струга 2, Велес 4, Охрид 1, Гостивар 2 и Свети Николе 2, стои во соопштението.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти: Скопје 12, Штип 1, Тетово 3 и Велес 2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687, информира Министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Претходна вестГо преразгледа ли Комисијата за заразни болести својот предлог за воведување полициски час?
Следна вестТешко повредил дете на велосипед и избегал со возилото