Како услов за вработување во МВР е кандидатот да има положено Тест за интегритет. Овој тест како што напиша Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на својот фејсбук профил за првпат е воведен во Македонија.
– За првпат воведовме Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР – Согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за ,,Спречување на крупцијата и примовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот”, со законско решение го уредивме прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството.
Имено, како нов услов за засновање на работен однос е кандидатот да има положено Тест за интегритет.
За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален интегритет. Тој тест ќе се врши континуирано за времетраење на работниот однос на работникот. Резултатот од тестот може да биде и индикатор за поведување на предистражна постапка. Резултатот може да биде позитивен или негативен. Негативниот резултат е предвиден како потежок случај за дисциплинска одговорност и основа за поведување на дисциплинска постапка.
Од полицијата со висок интегритет се очекува да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од властувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права. Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди, напиша на социјаните мрежи министерот Оливер Спасовски.