Тетовчанец проголтал марихуана пред да го уапсат, кај други две лица најден хероин

Ќесичка со марихуана вчера проголтал жител од тетовското село Долно Седларце пред да биде уапсен од страна на полицијата. Тетовската полиција соопшти дека овој несекојдневен настан се случил вчера околу 20 часот и 20 минути на улица „107“ во Тетово.

-Пред лишувањето од слобода успеал да проголта ќесичка со марихуана, се наведува во информацијата.

Тетовската полиција подоцна привела и две лица во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово.

-Од слобода се лишени М.Т.(46) од Тетово и 38-годишната И.М. од Куманово, кај која бил пронајден хероин, додека во санитарниот јазол на објектот биле пронајдени остатоци од кокаин, соопшти СВР Тетово.

Претходна вестЛокалните власти во Чаир бараат засилени полициски мерки против ширење на вирусот
Следна вест7 пациенти починаа, дури 125 лица се новозаразени од вирусот- во Скопје 89