Вчера во 14.30 часот во СВР Куманово, 27-годишен маж од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра, извести МВР.
– Според пријавеното, лицето лажно се претставило како вработен во фирма за градежништво и, откако телефонски се договориле за купопродажба на градежен материјал во Куманово, му ги дал парите. Како што е пријавено, кога отишол во градежната фирма сфатил дека е измамен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.